Бундес-лигата веќе не е „сигурно“ место за тренерите

Најголемиот дел од екипите кои настапуваат во Бундес лигата во минатото имаа тренери кои беа на клупата подолг период и се случуваше да има две до три во сезона кои тргнуваат со стратези кои се само година до две во клубот.

300x250

Овој пат работите се сменети. Тренерите веќе не се како што беа незаменливи односно толку долго на клупата што ретко доаѓаше до нивна промена. Сега многу почесто доаѓа до замена, па оттаму има само еден стратег кој е деценија во еден клуб, а тоа е Алфред Гисласон во Кил. Сепак, тој ја работи последната сезона, па следната година и ова ќе биде сменето.

Дури пет тренери во 2018 година првпат се на клупата на тимовите коишто ќе ги предводат, а тоа се: Михаел Биглер (Лајпциг), Хајко Грим (Мелзунген), Јирген Швајкарт (Штутгарт), Ралф Бадер (Битигхајм) и Хартмут Мајерхофер (Гепинген). Од 2017 година тимовите ги предводат: Мајк Мачула (Флензбург), Карлос Ортега (Хановер), Адалштајн Ејолфсон (Ерланген) и Денис Бахтијаревиќ (Гумерзбах).

За потсетување Мачула успеа со Флензбург да направи одлични резултати иако беше само една година дел од овој тим, па нема да изненади доколку и во новата сезона во Бундес има тренер кој е „нов“ во својот тим и донесе добар резултат.