Бундес-дерби во ЛШ: Кил заиграа шампионски и го шокираше Флензбург

Ракометарите на Кил конечно успеаја да заличат на тимот кој доминираше во Германија и на тој начин успеаја да забележат голема победа од 33:30 на гостувањето кај Флензбург.

Кил имаше одличен меч иако и понатаму во тимот го нема Домагој Дувњак, а денеска во составот не беше ниту Никола Билик. После израмнетото прво полувреме во кое Кил имаше минимални 16:15 во продолжението од средбата стана јасно дека „зебрите“ ќе бидат сериозен ривал.

Колку имаат напредувано во формата се виде во финишот кога успеаја да го решат својот ривал. после 28:28 дојде до серија од два гола, па овие два гола се одржуваа. Домашните во последните три минути не успеаја да постигнат гол, а тоа од гостите беше искористено за да зададат уште еден удар и со 33:30 да го добијат овој меч.

Со тоа Кил се израмни со Веспрем, а во однос на Флензбург ја намали разликата на само три бода на четири кола до крајот од групната фаза.