Будуќност покус за гол од Ференцварош, па остана без бодови

Еден од поинтересните дуели во Лигата на шампионите во женска конкуренција и тоа во групата каде што игра Вардар денеска се одигра меѓу Будуќност и ФТЦ Раил Карго, а гостинките од Унгарија дојдоа до минимална победа од 24:23.

300x250

Будуќност се обиде да се надигрува со составот на Ференцварош и имаше игра со која што заслужи барем бод, но гостинките беа тие коишто успеаја да го демонстрираат квалитетот кога беше најпотребно и успеаја да слават со минимална предност на крајот.

Милена Раичевиќ со осум гола беше најефикасна кај Будуќност, додека кај гостинките по четири гола имаа Лукач, Пена и Хафра.

На Будуќност и треба уште минимум бод во последните две средби за да се избори за четврт-финале, додека ФТЦ Раил Карго има шанси за второто место во групата и понатаму.