Будуќност останува без една од најдобрите: Катарина Булатовиќ две години во Ростов?

Една од најдобрите левораки ракометарки во Европа, Катарина Булатовиќ, најверојатно повторно ќе стане интернационалка. Рускиот првак Ростов Дон и нуди на Булатовиќ, двегодишен договор, кој се чини дека ќе биде прифатен од страна на Црногорката. По настапите за Шлагелсе, Ѓер и  Валчеа, во Данска, Унгарија и Романија, Ростов и Русија би требало да бидат новата дестинација.

Рускиот клуб сезонава имаше големи очекувања, бидејќи донесе големи засилувања од типот на Дембеле, Черноиваненко, Родригеш, Барбоса, Григел, но и тоа беше премалку, па завршија со европските настапи уште по првата фаза во Лигата на шампионите. На десен бек во Ростов моментално играат Ана Сен, која сепак шутира со десна рака и Ана Вјахирева, која не покажа ништо особено.

Ако се знае дека Аџиќ сака во Будуќност да има тим-репрезентација и дека најави играње само со млади ракометарки, тогаш не е невозможно Булатовиќ да си замине на лето. Кристина Неагу исто така заминува, најверојатно во ЧСМ Букурешт, Ахрук веќе го потврди враќањето во Полска, а нема да биде изненадување и доколку пикерот Драгана Цвијиќ тргне по нивните стапки.