Будимир открива: Сакам да бидам првата жена-селектор на машка репрезентација!

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, со кој стана европски првак, Андријана Будимир сега работи со млади категории во нејзината приватна школа, што е дел од семејството Вардар.

300x250

Во интервју за српските медиуми говори за тешките моменти низ кои поминала во времето кога била активна ракометарка, за тренерскиот предизвик, како и за идните планови, а откри и еден интересен детал.

„Имам желба да водам машка репрезентација. Би била првата жена во светот на која би и успеало такво нешто. За жал, ние се уште правиме разлика. Мене често ме прашуваат зошто сум во машкиот ракомет. Секогаш одговарам дека ми е доста од жени, и дека морам да се одморам малку од нив. Искрено, најмногу ми лежи да работам со деца. Имам голема почит од нив. Убаво ми е кога работам со нив. Чувствуваат дека ги почитувам и ги сакам, како и тие мене, но сето тоа треба да се заслужи.“ – вели Будимир.