Брумен не можеше сам против сите, Целје ќе игра за титулата во Купот на Словенија

Ракометарите на Целје Пивоварна Лашко го победија големиот ривал Горење Велење со 26:23 во финале пред финалето на словенечкиот Куп. Двете најдобри словенечки екипи ја имаа таа (не)среќа да играат во полуфиналето и само една од нив ќе игра за трофејот.

Поранешниот вардарец, Матјаж Брумен, заедно со Лука Митровиќ беа единствените расположени во тимот на Горење и со по 6 голови беа најдобри, но немаа поддршка од соиграчите. Кај Целје се истакна Блаж Јанц со 7 голови.

Противник на Целје во финалето ќе биде Марибор Браник, домаќинот на Ф4 во словенечкиот Куп, кој славеше над РИКО Рибница со 32:23.