Брестовац со една измена во ростерот – со Глигор Гајиќ против Данска

Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ја направи првата измена во ростерот.

Пред дуелот со првата европска репрезентација на Мундијалот – Данска, во составот на националниот тим влегува левото крило Глигор Гајиќ.

Ракометарот на Металург 2 го менува средниот бек на Еурофарм Работник, Бобан Каковски, кој немаше голема минутажа досега.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.