Брестовац нервозен после мечот: Лошата реализација и слабата агресивност ни пресудија

Новиот пораз на Металург го зголеми незадоволството кај тренерот Данило Брестовац. На пресот после средбата можеше да се види дека е нервозен и незадоволен од она што момците го направија.

Металург денеска загуби со 24:31, а второто полувреме беше катастрофално бидејќи беа постигнати само шест голови.

„Спортинг нè не надигра. Ние се подготвивме добро занив. За мене Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во Лигата нашампионите. Покрај Силкеборг, Спортинг игра убав ракомет и задоволство ми екога играме против нив. Кај нас денеска проблемот беше реализацијата. Нискотониво на агресивност во одбраната исто така имаше свое влијание на конечниотепилог. Млада екипа сме, но мораме да бидеме агресивни. Имаше моменти когадобро делувавме на теренот, но пресуди реализацијата која беше на очајно нивоособено во второто полувреме. Ако барам причина за лошата реализација денескатогаш би можел тоа да го направам во играњето на трет натпревар во период од петдена“, изјави Брестовац.

Тој сега има доволно време за да ги подготви момците за следниот меч против Бешикташ, кој се игра во Турција.

„За следниот натпреваримаме девет дена за подготовки и со тренинзите почнуваме веќе од утре. Ќе имамедоволно време да се подготвиме, но мораме да ги отстраниме проблемите. Причиназа реализацијата можам да побарам во тоа што играме трет меч во пет дена. Имамеубава игра, но треба да продолжиме. Треба да ги уиграме новите момци. Сепак, имамемногу дупки, но и доволно време за да се подготвиме“, коментирашетренерот наМеталург.

Следната средба е закажана за 17 ноември,а се игра во Турција. Металург му гостува на Бешикташ.