Брестовац за 24 Ракомет ТВ: Немам што да им замерам, им честитам на момците за успехот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија забележа победа над Грција, а иако е со четири гола разлика, 27:23 тоа е голем триумф бидејќи донесе прво место во групата и подобра позиција во ждрепката за Европското првенство.

После мечот селекторот Данило Брестовац коментираше за 24 Ракомет ТВ за она што беше направено денеска, но и за она што може да се очекува.

„Знам дека не бевме многу сјајни, но мора да се има предвид дека ова беше една тешка и исцрпувачка сезона. Немам што да им замерам туку им честитам на сето она што го направија на последните четири натпревари“, изјави селекторот Брестовац пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.