Брестовац го напушта Диферданж и се посветува на репрезентациите

Селекторот на младинската и на кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац летово е зафатен со обврските на двата национални состави со кои има учество на ЕХФ шампионаите во Скопје и во Тбилиси.

300x250

Тој во последната сезона имаше троен ангажман бидејќи покрај работата со двете национални селекции беше тренер и во тимот на Диферданж од Луксембург. После добрата сезона во која клубот успеа да стигне до осминафиналето што беше огромен успех за клубот, соработката ќе биде завршена.

Во новиот шампионат Данило Брестовац нема да биде дел од овој тим. Претходно стана јасно дека екипата нема да игра во европските купови иако според пласманот можеше да се пријави за учество, па ќе дојде до прекин на соработката.

Ова значи дека Брестовац се посветува на работата со репрезентациите кои ги очекува голем предизвик летово, а воедно кадетскиот состав следното лето го чека и Светско првенство во Скопје. Секако ќе биде потребно повеќе да биде во Македонија за да може да се достигне поскуваното ниво, а вака ќе добие шанса да ги оствари сите свои тактички замисли.

Брестовац пред да стане тренер на Диферданж работеше со Ивица Обрван во Шамбери, а беше во неговиот стручен штаб и во репрезентацијата на Македонија. Веќе има солидно тренерско искуство зад себе и секако може да се очекува наскоро и нов клупски ангажман.