БРАТСКИ ЦЕПЕЛИН: Кире и Филип ги побудалеа Јапонците (ВИДЕО)

Македонија стартуваше победнички на Мундијалот во Германија и Данска, откако славеше со 38-29 во првото коло од шестиот настап на светските собири.

Покрај голманот Ристовски, кој забележа 20 одбрани на оваа средба, сите други одиграа одлично, барем што се однесува до нападот.

Имаше и атрактивни потези, кои за нашите момци веќе станаа вообичаени. На неколку пати не успеаја да постигнат погодок со цепелин, но Кире и Филип Лазаров, го имаат потегот или голот на мечот.

Акцијата почна од Кузмановски, кој додаде до Кире Лазаров, а овој го пригра Филип, кој измами овации од публиката.

Погледнете го потегот на мечот….