Бранко Тамше уште три години ќе го води Целје

Управата на словенечкиот шампион задоволна од досегашната работа на актуелниот стратег, Бранко Тамше му понуди нов договор до 2020 година. Тој го прифати продолжението на соработката и покажа дека има сериозни планови со тимот на Целје. Во изјава за медиумите во Словенија, Тамше се заблагодарува на укажената доверба од управата и истакнува дека е презадоволен бидејки останува во клуб кој е одлично организиран.

„Најпрво сакам да им се  заблагодорам  на претседателот на тимот, директорот, управниот одбор и сите кој се инволвирани во работата на најголемиот клуб во Словенија. Иако имаше неколку кандидати за моја замена, управата беше одлучна да ме задржи што ме прави исклучително среќен. Во исто време свесен сум дека ова претставува огромна одговорност за сите оние кој веруваат во мене, спонзорите, управата, фановите на тимот и сите луѓе кој го сакаат клубот. Многу големи клубови ги сакаат играчите од нашиот тим, но сигурен сум дека ќе имаме квалитетен состав кој во наредниот период ќе направи чекор повеќе. Сакам да ја задржиме доминацијата во словенечкото првенство, иако тоа е многу лесно да се каже,  во пракса е многу потешко, сепак тоа е предизвикот кој го сакам јас.“ – заврши Тамше.

Тамше во екипата на Целје пристина во 2013 година, како замена за Владан Матиќ.  Неговата препознатливост е што им даде шанса на многу млади играчи кој се иднината на словенечкиот ракомет, а особено Јанц и Зарабец кој храбро ги префрли во сениорскиот тим и им ја даде целосната доверба.

Благоја Филиповски/Д.А.