Бранко Тамше: Одигравме ужасно во првото полувреме, а загубивме 20 топки

Екипата на Целје загуби од Вардар со 27:35, а тоа беше очекуван резултат со оглед на тоа што „црвено-црните“ беа фаворити на оваа средба. После мечот тренерот на гостите, Бранко Тамше не можеше да биде задоволен од прикажаното.

„Му честитам на Вардар за убедливата победа. Одигравме ужасно во првото полувреме. Загубивме 20 топки на целиот меч и тоа е премногу. Сето ова е под влијание на паузата која што ја имавме поради Европското првенство. Покрај тоа имавме и натпревар против ПСЖ во неделата. Игравме против Европскиот првак и сосема јасно е дека имавме малку шанси. Имавме неколку повредени ракометари и не можевме да одиграме најдобро. Жал ми е поради нашите фанови што не презентиравме подобра игра. Се надевам дека ќе бидеме подобри и уште поуспешни“, изјави Тамше.