Борко Ристовски стоеше рамо до рамо со Меси на “Камп Ноу” (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона пред одигрувањето на вчерашниот натпревар против Виљареал на теренот на “Камп Ноу” приреди вистински спортски спектакл. Спортското друштво Барселона пред своите навивали ги презентираше петте тимови на Барселона од најразлични спортови кои што ја освоија титулата оваа сезона.
И Македонија во името на Борко Ристовски имаше свој претставник на теренот на “Камп Ноу”, кој заедно со своите колеги од ракометната секција секако беше дел од свечената церемонија.

300x250

Ракометарите на Барселона најмногу можете да ги видите кога ќе се подигне камерата, а се наоѓаат во десниот агол горе. Борко Ристовски е последниот од десната страна.

Фотографија од присуството на церемонијата Ристовски сподели и на социјалните мрежи.