Борко остана на врвот со најмногу одбрани

Првиот голман на репрезентацијата на Македонија, Борко Ристовски го задржа првото место според бројот на одбрани, но овој пат има друштво во „чуварот на мрежата“ на Унгарија, Роланд Миклер кој има исто така 25 интервенции.

На оваа листа направена според бројот на одбрани тие имаат мала предност на Топ 10 листата што е знак дека ќе има уште многу промени во текот на следните средби.

Кога е во прашање процентот на одбранети удари во однос на шутевите таму лидер е Никлас Ландин од Данска, кој има високи 51 процент со што е единствен со ваков број. Борко Ристовски со 40 проценти успешност на одбрани се наоѓа на делба на 9. Позиција со голманот на Хрватска, Иван Стевановиќ. Сепак, Хрватот има само 12 интервенции и многу помала минутажа и помалку удари упатени кон неговиот гол.

ГОЛМАНИ СО НАЈМНОГУ ОДБРАНИ

ТОП 10

25 – Борко Ристовски (Македонија)

25 – Роланд Миклер (Унгарија)

24 – Мохамем Хусеин (Бахреин)

23 – Никлас Ландин (Данска)

23 – Винсент Жерард (Франција)

23 – Џовани Мучисенгу (Ангола)

22 – Андреас Волф (Германија)

21 – Торбјорн Бергеруд (Норвешка)

21 – Марин Шего (Хрватска)

20 – Андреас Паличка (Шведска)