Борко одмори, Барселона немаше проблеми со Пуенте Хенил

По ремито на гости кај Рајн Некар во Лигата на шампионите и одличната партија против поранешниот клуб, Борко Ристовски доби заслужен одмор и не влегуваше во игра на дуелот против Пуенте Хенил во Асобал Лигата.

Стандардно, Барселона нема проблеми против ниеден ривал во Шпанија, па славеше на оваа средба со убедливи 36:24. Гонзало беше цел меч на голот на каталонците и забележа 15 одбрани, додека најдобар стрелец беше Арињо со 6 голови.