Борко одмораше за Рајн Некар, Барса ја среди Куенка

По победата над Загреб во Лигата на шампионите, ракометарите на Барселона продолжија со активностите во Асобал Лигата. Таму одамна немаат силен ривал, ниту предизвик, па натпреварите ги играат колку за да ги одиграат.

Најнов тим на списокот беше Куенка, која си замина од „Блауграна“ со пораз, 34:27. Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски беше во ростерот, но не доби шанса, а Гонзало имаше 16 одбрани.

Следен предизвик за Ристовски и Барса ќе биде Рајн Некар, неговиот поранешен клуб, а овој дуел ќе биде со предзнак „македонски“, бидејќи за „лавовите“ игра Филип Талески.