Борко одличен на голот, Барса со рутинска победа

По завршувањето на Европското првенство во Хрватска, ракометарите им се вратија на клупските обврски. Во земјата на новиот шампион, Шпанија, доминира Барселона.

300x250

Каталонците иако имаа мали проблеми со составувањето на тимот поради повредите на дел од ракометарите, сепак остварија уште една победа, над Пуерто Сагунто со 29:33.

Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски во отсуство на Де Варгас бранеше сите 60 минути и забележа 13 одбрани.

Последна проверка за Барселона пред дуелот со Вардар од Лигата на шампионите, ќе биде натпреварот во Асобал лигата против Хуеска.