Борко му одбрани зицер, па “сочно” го отера каде што не треба (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона изминатиот викенд се закитија со својата петта последователна титула во “Копа Дел Реј”.

300x250

Дел од составот на Барселона беше и македонскиот ререзентативен голман Борко Ристовски кој имаше забележителни настапи во Мадрид. Неговата одбрана против екипата на Пуенте Хенил се најде на третото место во изборот на најдобри пет одбрани на “Копа Дел Реј”. По одбраната, Борко во емотивен транс му се обрати на противничкиот ракометар, нешто за што превод и не е потребен.
Покрај Ристовски во изборот на најдобрите пет одбрани на “Копа Дел Реј” се најдоа и:

5 место-Цезар Перез (Ваљадолид)
4 место-Начо Биоска (Адемар Леон)
3 место-Борко Ристовски (Барселона)
2 место- Јакуп Крупа (Ла Риоха)
1 место -Перез Де Варгас (Барселона)