Борко и Барса во Асобал се загреваа за Лига на шампиони

Ракометарите на Барселона ја забележаа и втората победа во Асобал лигата, откако ја победија екипата на Хуеска на гостински терен со 17:23. Иако не беше разликата висока, како што сме навикнати кога станува збор за натпревари на Барса во шпанскиот шампионат, сепак беше доволно за нова победа.

За разлика од првото коло кога Ристовски бранеше цел меч, во ротацијата на Пасквал сега шанса доби Перез де Варгас, кој имаше само 7 одбрани. Во победничкиот тим најефикасни поединци беа Шипжак со 5 и Томас, Нгесан, Доленец и Арињо со по 4 голови. Овој дуел беше добро загревање во пресрет на гостувањето кај Рајн Некар во Лигата на шампионите.