Борко е човекот на одлука, ја спаси Барселона во финишот (ВИДЕО)

Барселона потешко од очекуваното стигна до својата 25-та победа во низа од исто толку натпревари во Асобал лигата со минимални 27:28 на гостувањето кај Адемар и продолжи да руши рекорди. Каталонскиот гигант е 116 натревари без пораз и без нерешен резултат (вкупно 150 победи во низа во сите натпреварувања во Шпанија).

Во екипата на Барселона најстапија нашите интернационалци Борко Ристовски и Кирил Лазаров. Борко ги бранеше сите 60 минути, а додека Лазаров немаше голема минутажа на овој натпревар. Првото полувреме Барселона го доби со 11:15, а во второто падна играта на Барселона но сепак Ристовски на крајот од мечот со својата 10 интервеција не му дозволи на противникот да се радува на реми.

Најпрецизен во Барселона беше Валеро Ривера со 7 погодоци, а Лазаров постигна 2 гола, додека Ристовски имаше 10 интервенции. Погледнете ја последната интервенција на македонскиот голман….

Перо Арсоски/Д.А.