Борко го промовираше кампот во соработка со Барселона!

Македонскиот репрезентативен голман и актуелен член на Барселона, Борко Ристовски го промовиреше ракометниот камп кој во соработка со клубот Барселона ќе се одржи во Омиш,Хрватска.

Кампот кој Ристовски го организира во соработка со FCBEscola ќе се одржи од 28 јуни до 3 јули во Омиш (Хрватска), а на него ќе можат да земат учество младинци помеѓу 10 и 20 години.Покрај Ристовски, на овој камп ќе земат учество и дел од неговите соиграчи од Барселона.

FCBEscola и Борко Ристовски постигнаа договор за соработка во следните четири години и тоа ќе биде прв кампус на FCBEscola.