Борба на „лавови“ и „лисици“: Талески и Рајн Некар против Фуксе за место на Ф4 во Купот на Германија

Во германската федерација беа извлечени двојките за четвртфиналето на Купот на Германија, а тимот на Рајн Некар Левен, каде игра македонскиот репрезентативец Филип Талески ќе се соочи со составот на Фуксе Берлин.

И останатите парови се интересни, а освен на двобојот меѓу Рајн Некар и Фуксе Берлин, возбудувања се очекуваат и на дуелот меѓу Кил и Мелсунген, како и на средбата меѓу Магдебург и Гепинген. Завршниот турнир ќе се игра на 6 и 7 април следната година.

Двојки, четвртфинале Куп на Германија:

27/11/2018, Кил – Мелсунген, 19:00 часот
18/12/2018, Фуксе Берлин – Рајн Некар, 18:00 часот
18/12/2018, Хановер – Ерланген, 19:00 часот
19/12/2018, Магдебург – Гепинген, 19:00 часот