Борац лут на СЕХА: Срамна одлука, изиграни сме!

Некогашниот европски шампион Борац М:тел, оваа година ја заврши на врвот на шампионатот во БиХ. Сепак тоа не беше гаранција да добие место во елитното регионално натпреварување. Раководството на СЕХА лигата одлучи наредната сезона наместо босански преставник да внесе уште еден преставник од Србија.

Екипата на Динамо Панчево ќе дебитира во регионалното натпреварување следната сезона. Така одлучи СЕХА иако е добро познат квалитетот на српската лига и педигрето на овој ракометен клуб. Се работи за непозната екипа во европски рамки со квалитет кој може да им парира на македонските екипи Охрид, Пелистер или Еурофарм Работник.

Токму затоа раководството на Борец од Бања Лука преку соопштение вели дека во најмала рака е огорчен со одлуката на раководството на СЕХА лигата да го изостави од листата учесници за наредната година иако им било ветено дека ќе бидат дел од регионалното натпреварување.

Во соопштението меѓу другото стои:
Во изминатиот период, преку постојани контакти со раководството на СЕХА лигата, добивме ветување дека ќе бидеме еден од тмовите кои ќе се натпреваруваат во лигата наредната сезона, доколку ги исполниме сите услови. Тие услови предвидуваа обезбедување на ТВ преност од сите натпревари кои се играат во Бања Лука во висока ХД резолуција, што веќе го договоривме, како и засилување на играчкиот кадар, на што постојано работиме.

Очигледно е дека на суров начин сме изиграни, заради што Босна и Херцеговина прв пат нема да има свој претставник на ова натпреварување.

Да потсетиме дека нашиот клуб е еден од основачите на регионалната ракометна лига, за која во првите три сезони ги плаќавме сите обврски. Оваа срамна одлука, за жал, е резултат на волјата и желбата на поединци кои сакаат да му наштетат на нашиот клуб и ракометот во Босна и Херцеговина и е во директна спротивност со приказната за развој и афирмација на ракометот како спорт на овие простори. Одлуката да не му се оствари правото на учество на шампионот на БиХ во наредната сезона на ова натпреварување не е удар само за РК Борац М:тел туку и на Ракометниот сојуз на БиХ како и на ракометот во БиХ во целина.

Дека изоставувањето на нашиот тим од ова натпреварување нема врска со спортот туку со други неспортски интереси, го потврдува и списокот екипи кои ќе учествуваат наредната сезона во СЕХА лигата. Без намера никого да навредиме сепак мораме да констатираме дека во ова натпреварување ќе учествуваат и екипи кои се далеку од нивото на РК Борац М:тел по сите параметри, од играчкиот кадар и внатрешната организација на клубот, до условите за играње и традицијата и репутацијата која ја имаат.

На основ на горенаведеното, доколку раководството на СЕХА Гаспром лигата не ја промени одлуката и не го вклучи РК Борац М:тел во ова натпреварување за наредната сезона, очекуваме да се огласи генералниот спонзор на лигата-руската компанија Гаспром, која има продажни објекти низ БиХ, и во склад со својата политика на работа и своите интереси, влијае на тоа шампионот на БиХ да се натпреварува со најдобрите регионални тимови и на тој начин го стави ракометниот интерес над интересот на поединците.- се вели во соопштението.

Ракометната федерација на Србија, минатиот јуни ја услови СЕХА со две места за своите екипи, но доби негативен одговор, затоа немаше свој преставник во регионалното натпреварување. Откако претседателот на ракометната федерација на Србија доби место во претседателството на СЕХА Гаспром лигата, првакот Војводина оваа сезона ќе го придружува и Динамо Панчево меѓу најдобрите ракометни екипи од регионот.

За потсетување Србија беше единствената земја која се откажа од учество во машкиот и женскиот сегмент на Лигата на шампионите за наредната сезона.

2 Responses

  1. СЕХА им „врати“ на Босанците: Борац не ги исполни условите! | 24 РАКОМЕТ

    […] затоа раководството на тимот од Бања Лука преку соопштение вели дека во најмала рака е огорчен со одлуката на […]

  2. Продолжува шпанската серија: Борац – Раководството на СЕХА ја замајува јавноста! | 24 РАКОМЕТ

    […] затоа раководството на тимот од Бања Лука преку соопштение вели дека во најмала рака е огорчен со одлуката на […]