Бомбата со која Македа го замолкна Целје (ВИДЕО)

Средбата меѓу Целје и Пик Сегед донесе големо надигрување и голема неизвесност, а победникот се решаваше на крајот од средбата.

Поранешниот играч на Вардар, Хорхе Македа беше во главна улога. Тој покажа дека е во одлична форма и со два гола во последните две минути го замолкна Целје. Особено вториот гол беше тој кој придонесе за големо разочарување кај фановите на шампионот на Словенија.

Колку беше интересно во последните моменти од средбата и каков беше погодокот со кој Македа донесе победа можете да погледнете во видеото во продолжение. Ударот беше вистинска бомба.