Бомбардерот Вуко: Ја искина мрежата, а го внесе и голманот во голот (ВИДЕО)

Вардар го совлада ППД Загреб во 6. коло од СЕХА-лигата со 30:23 и остана перфектен сезонава во регионалното натпреварување, а најдобриот потег на мечот е за левиот бек Вуко Борозан. Неговиот гол за 28:21 во 53. минута остана запишан како гол на средбата, а има и што да се види. Ја искина мрежата, разнесе двајца играчи и речиси и да го внесе и голманот во голот.