Божиновски: Ќе го дадеме најдоброто од нас против Данска

Машката кадетска репрезентација на Македонија се наоѓа пред најтешкиот испит во групната фаза од Мундијалот што се игра во нашата држава. Ривал на момците на Данило Брестовац ќе биде Данска, која досега ги победи Аргентина, Јапонија и Нигерија.

Левото крило Марко Божиновски ветува голема борба.

„Досега одигравме тешки мечеви на ова СП. Против Нигерија и Бахреин имавме падови во играта, но најважно е дека победивме. Сега за нас следи Данска, европски гигант и лидер во групата. Ние ветуваме машка борба, ќе се бориме за победата. Ќе го дадеме најдоброто од нас и се надеваме на триумф“, изјави Божиновски.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.