Божиновски и Начевски почнаа работно на ЕХФ-шампионатот во Австрија

Судиите од Македонија кои се дел од ЕХФ-шампионатот во Австрија, Даниело Божиновски и Виктор Начевски вчера стартуваа со делење на правдата и тоа на еден од поинтересните натпревари. Тие го судеа мечот меѓу Холандија и Косово, а имаше неизвесност речиси до крајот.

Холандија славеше со 31:25, но не беше воопшто лесно, па може да се каже дека го добија еден од потешките дуели во 1. коло.

Денеска се играат средби од 2. коло само во една од групите (и двете имаат по шест селекции), па Божиновски и Начевски се слободни, но затоа сигурно утре ќе имаат нова работна задача и ќе имаат нов меч.