Бодрете ја Македонија, влезниците денес се пуштени во продажба

Во недела (10.06.2018) македонската машка ракометна репрезентација, со почеток од 20:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра првиот натпревар од бараж дуелот за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалез ќе се обидат да дојдат до ново големо натпреварување, а на патот до Германија и Данска ќе се испречи составот на Чави Пасквал. Македонската публика секогаш е осмиот играч за македонските репрезентативци, а доколку сакате да бидете дел од седумте илјади гледачи на трибините во „Борис Трајковски“ веќе можете да набавите влезници.

Како што информираат од РФМ, продажбата на влезници за натпреварот почнa денес (сабота, 02.06.2018), на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

Билетите ќе се продаваат по ценa од 100 денари (за горни трибини) и 200 денари (за долни трибини – партер).

Веднаш по првиот од двата бараж дуели кој ќе се одигра во Скопје, македонската селекција патува за Романија каде во Клуж на 13 јуни ќе го одигра реваншот . Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на Светското Првенство што ќе се игра во Данска и Германија во јануари 2019 година.

Повеќе информации можете да добиете следејќи го линкот.