Бодовите од Гевгелија за сигурно 4. место за Куманово

Ракометарките на Куманово одиграа сигурен меч на гостувањето во Гевгелија каде се изборија за победа од 29:19 иако беа само со десет ракометарки.

Овој триумф за Куманово значеше потврда на 4. место на коло до крајот од сезоната, па веќе нема дилеми како ќе изгледа редоследот на екипите во Женската лига. Средбите од последното коло нема да изменат ништо, па сосема јасно е дека кумановки финишираат на 4. позиција додека Гевгелија ќе биде на последното место на табелата.

Инаку, во Гевгелија немаше никаков проблем за Куманово да дојде до триумф и победата беше обезбедена со сигурна игра во текот на сите 60 минути.

ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО           19:29 (9:13)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Благој Петров од Велес.

ГЕВГЕЛИЈА: Лазаровска, Горговска, Љупова, Узунова, Мандалова 2, Попова 1, Јанчева 1, Митревска 5, Маркова, Асановиќ, Шутева 1, Атанасова 1, Митрова 8, Џалева, Сапламаева, Атанасова.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

КУМАНОВО: Наумовска, Дичковиќ, Пецанова 3, Трајковиќ 3, Ивановска 4, Пеовска 6, Боризовска 2, Петковска, Кипријановска 5, Костадиновска 6.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.