Блиц со Филип Талески: Ракометарите откриваат кој е спанко, кој лутко, а кој шмекер (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија ужива во одличните моменти коишто предизвикаа бура од одушевување кај сите фанови. Одличните игри беа знак дека може да се очекува уште подобра игра во продолжение. 24 Ракомет ќе се обиде преку новата рубрика „Блиц“ на забавен начин да ве доближи поблизу до националниот тим.

300x250

Филип Талески е еден од помладите ракометари во репрезентацијата, но со игрите делува како да има голем број на настапи на големите натпреварувања. Одигра одлични натпревари, а особено беше на високо ниво против Германија.

Погледнете го видеото со Филип Талески во кое ќе можете да видите според него  кој е најголемиот заводник меѓу ракометарите, најголемиот спанко, лутко…