Блиц со Стојанче Стоилов: Ракометарите откриваат кој е спанко, кој лутко, а кој шмекер (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија ужива во одличните моменти коишто предизвикаа бура од одушевување кај сите фанови. Одличните игри беа знак дека може да се очекува уште подобра игра во продолжение. 24 Ракомет ќе се обиде преку новата рубрика „Блиц“ на забавен начин да ве доближи поблизу до националниот тим.

Стојанче Стоилов е ракометарот кој секогаш води голема битка на линијата од шест метри. Има што да покаже на теренот особено во нападот, па од него секогаш зависат голем дел од работите во играта кога се работи за линијата од шест метри.

Погледнете го видеото со Стојанче Стоилов во кое ќе можете да видите според него  кој е најголемиот заводник меѓу ракометарите, најголемиот спанко, лутко…