Блиц со Никола Митревски: Ракометарите откриваат кој е спанко, кој лутко, а кој шмекер (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија ужива во одличните моменти коишто предизвикаа бура од одушевување кај сите фанови. Одличните игри беа знак дека може да се очекува уште подобра игра во продолжение. 24 Ракомет ќе се обиде преку новата рубрика „Блиц“ на забавен начин да ве доближи поблизу до националниот тим.

Никола Митревски е голман кој одлично се снаоѓа во својата задача и успева секогаш да ја искористи својата минутажа. Веќе неколку години е дел од националниот тим и секогаш подготвен да помогне кога е најтешко.

Погледнете го видеото со Никола Митревски во кое ќе можете да видите според него  кој е најголемиот заводник меѓу ракометарите, најголемиот спанко, лутко…