Блиц со Ацо Јоноски: Ракометарите откриваат кој е спанко, кој лутко, а кој шмекер (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија ужива во одличните моменти коишто предизвикаа бура од одушевување кај сите фанови. Одличните игри беа знак дека може да се очекува уште подобра игра во продолжение. 24 Ракомет ќе се обиде преку новата рубрика „Блиц“ на забавен начин да ве доближи поблизу до националниот тим.

Ацо Јоноски е еден од поискусните ракометари во репрезентацијата на Македонија и играч со голем број на настапи. Се работи за клучниот дефанзивец во репрезентацијата на Македонија така што од неговата игра зависат многу работи.

Погледнете го видеото со Ацо Јоноски во кое ќе можете да видите според него  кој е најголемиот заводник меѓу ракометарите, најголемиот спанко, лутко…