БиХ и Србија најдобри меѓу третопласираните на патот до ЕП 2020

Селекциите на БиХ и Србија го затворија списокот на земји од поранешна Југославија кои се најдоа на Европското првенство. Тие се најдоа на првите две места на табелата откако успеаја да дојдат до најмногу бодови во дуелите со селекциите кои беа на првите две места на табелата.

Со оглед на тоа што при рангирањето се сметаа исклучиво бодовите од средбите со прво и второпласираните состави од секоја од групите, а се бришеа поените од натпреварите против последнопласираните дојде до мали промени на табелата.

Така БиХ, Србија, Холандија и Украина на крајот завршија на шампионатот заедно со уште 16 селекции кои обезбедија пласман од првите две места во осумте групи, трите домаќини и селекцијата на Шпанија која го брани трофејот од 2018 година.