Битолчанки уште еднаш сигурни дома

Ракометарките на Пелистер забележаа нова победа во првенството и овој пат на домашен терен, а сега против составот на Гевгелија со 30:25.

Пелистер беше во предност во текот на целиот меч. Постојано ја зголемуваше разликата, а на одмор замина со 14:9. Овие пет погодоци од одморот во вториот дел беа зголемени на седум, а потоа и на осум гола, но во финишот од средбата немаше потреба да се форсира, па гостинките успеаја да намалат.

Митревска и Митрова беа премалку за да можат да направат нешто повеќе. Тие постигнаа заедно 20 гола, но домашните ја имаа Величковска и уште неколку расположени девојки, па на крајот се радуваа на нови бодови со кои продолжуваат заедно со Куманово во битката за 2. позиција.