Битолчанки со нови бодови за цврсто на 3. место

Екипата на Пелистер дојде до лесна победа над составот на Деспина и дојдоа до нови значајни поени со што продолжуваат со трката за висок пласман. Пелистер со овој триумф успеа да се најде осамен на 3. место така што е сосема извесно дека битката со Куманово ќе биде актуелна до крајот на сезоната од која има уште четири кола.

Битолчанки го добија дуелот против Деспина уште во првите 30 минути кога направија предност од шест гола и водеа со 17:11. После ова беше навистина полесно да се обезбедат трите бода. Ракометарките на Деспина се трудеа, но не можеа да парираат, па мораа да се помират со фактот дека на овој дуел нема да имаат поголеми шанси за да дојдат до бодови.

Пелистер имаше контрола на резултатот во вториот дел од мечот, па бодовите останаа во Битола, а со тоа и разликата од четири бода во однос на Металург кој и понатаму стои сигурно на 2. позиција.

ПЕЛИСТЕР – ДЕСПИНА     29:22 (17:11)

Сала: „Младост“ во Битола. Гледачи: 500. Судии: Никола Пауноски и Оливер Спировски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ПЕЛИСТЕР: Златевска, Дурланова, Пецовска, Апостоловска 4, Димитриева, Раиф 5, Величковска, Милосављевиќ 1, Талевска 4, Каковска 1, Белевска, Јанкуловска 6, Каранфиловска 3, Дабевска 5.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 4 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Гулеска, Е. Рипилоска 1, Димоска, Т. Ристеска, Камческа, И. Ристеска, Димова 4, Јовеска 2, Богеска, Конеска 6, Камческа 7, Јовеска, Седлоска, Л. Рипилоска 2.

Седмерци: 4/5, Исклучувања: 6 мин.