Битолското дерби уште на почеток на Супер машката лига

Супер машката лига и годинава оди по истиот систем на одигрување на натпреварите. Вардар и Металург ќе се приклучат напролет додека во првиот дел од шампионатот за разлика од лани сега има десет екипи, што значи дека надигрувањето ќе биде далеку повеќе.

Сезоната ќе стартува на 15 и 16 септември, што е една недела подоцна од Женската лига. Првиот дел од сезоната би требало да заврши на 15 и 16 декември што ќе биде еден месец до Светското првенство во Данска и во Германија. Во овие три месеци ќе има само едно коло кое ќе се одигра во среда и четврток, додека другите се за викенд.

Според стартните броеви кои беа извлечени стартот на сезоната ќе биде означен со битолското дерби. Пелистер ќе биде домаќин на Е. Работник, па ова ќе биде големо дерби за почеток на сезона. Бутел Скопје ќе стартува со Прилеп, додека стружани гостуваат кај Борец.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – Е. РАБОТНИК

ПРОЛЕТ – ОХРИД

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП

БОРЕЦ – СТРУГА

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ

СТАРТНИ БРОЕВИ

1 – ПЕЛИСТЕР

2 – ПРОЛЕТ

3 – БУТЕЛ СКОПЈЕ

4 – БОРЕЦ

5 – ВАРДАР ЈУНИОР

6 – РАДОВИШ

7 – СТРУГА

8 – ПРИЛЕП

9 – ОХРИД

10 – Е. РАБОТНИК