Битола подготвена за Купот: Пелистер и Вардар ja отвораат двојната битолско-скопската пресметка

Екипите кои во понеделникот ги одмерија силите во Скопје во рамки на првенството, Пелистер и Вардар в петок ќе излезат први на терен на пресметката од Купот на Македонија која ќе биде одржана в Битола. Салата „Младост“ ќе биде домаќин на најдобрите тимови во моментов, па ќе има двојна битолско-скопска пресметка во неколку часа.

Први на терен излагаат составите на Вардар и на Пелистер. Тие својот дуел ќе го одиграат во терминот од 16:30 часот, а потоа ќе следува вториот двобој во кој Е. Работник ќе ги одмери силите со Металург.

Интересна завршница на Купот на Македонија во кој на хартија тимовите од Скопје се фаворити за место во финалето, кое треба да се одигра в сабота исто така во салата „Младост“ во Битола. Терминот за почеток на финалето е 16:30 часот.