Битола од денеска во знакот на ракометот: Пелистер домаќин на Меѓународен турнир

Екипата на Пелистер од денеска е домаќин на квалитетниот меѓународен Меморијален турнир „Боро Чурлевски“.

До недела ќе бидат одиграни девет средби пред да биде добиен конечниот победник на натпреварувањето кое треба да прерасне во традицонално и би требало да се игра пред стартот на секоја сезона.

И во двете групи има само по еден тим од Македонија. Пелистер е во група заедно со Олимпијакос од Грција и Шербур од Франција, додека Бутел Скопје ќе биде заедно со Рихимаен Кокс од Финска и Селка од Турција.

Секој ден ќе се играат по две средби, а победникот ќе биде познат в недела. Финалето е закажано од 19:30 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ЧЕТВРТОК, 30 АВГУСТ

17:30ч

БУТЕЛ – РИХИМАЕН КОКС

19:30ч

ПЕЛИСТЕР – ОЛИМПИЈАКОС

ПЕТОК, 31 АВГУСТ

17:30ч

РИХИМАЕН КОКС – СЕЛКА

19:30ч

ПЕЛИСТЕР – ШЕРБУР

САБОТА, 1 СЕПТЕМВРИ

17:30ч

ШЕРБУР – ОЛИМПИЈАКОС

19:30ч

БУТЕЛ – СЕЛКА

НЕДЕЛА, 2 СЕПТЕМВРИ

15:30ч

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

17:30ч

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

19:30ч

ФИНАЛЕ