Биглер седнува на клупата на Лајпциг

Поранешниот селектор на полската машка ракометна репрезентација, кој во моментов епредводник на женскиот национален тим на Германија, од наредната сезона ќе го преземе кормилото на Лајпциг. Биглер, кој веќе еднаш го предводеше германскиот тим, во сезоната 2012/13 во која го спаси од испаѓање, потпиша тригодишен договор и ќе биде предводник на Лајпциг до 2020 година.

Тој доаѓа како замена за Кристијан Прокоп, кој ќе биде селектор на германската селекција. Голема заслуга за доаѓањето на Биглер во овој тим, има славниот германски ракометар Штефан Кречмар кој е дел од управата на Лајпциг и јасно го пикираше Биглер како единствен фаворит за клупата на овој тим.

Во богатата кариера, Биглер има предводено повеќе германски тимови како Гумерзбах, Минден, Гепинген, Магдебург и Хамбург. На клупата на Лајпциг ќе седне по втор пат и со оглед на тоа дека сега германскиот тим е многу поконкурентен, оваа негова авантура ќе биде многу поуспешна од неговиот прв обид.

Благоја Филиповски/Д.А.