Бешикташ ги победи „мечките“, Металург го избегна „фенерот“

Ракометарите на Металург ја завршија сезоната во Лигата на шампионите на 5 позиција во групата Д, откако турскиот шампион Бешикташ славеше во пресметката со Чеховски Медведи со 33:29. Оваа победа му одеше во прилог на македонскиот тим, кој „фенерот“ им го препушти на Русите.

За Бешикташ, настапија и македонските интернационалци Немања Прибак и Филип Лазаров. Средниот бек средбата ја заврши со 3 гола, додека левиот бек не се запиша во листата на стрелците. Исто како и Металург, и Бешикташ ја завршува сезоната во Лигата на шампионите во групната фаза.