Беше на шега, испадна вистина: Мукаетов им ја претскажа судбината на Словенците (ВИДЕО)

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов при своето обраќање за време на заедничката промоција меѓу Македонија, Словенија и Црна Гора за Европското првенство во женска конкуренција во 2022 година имаше една интересна изјава во која го најави успехот на ракометарите на првиот меч на актуелниот шампионат во Хрватска.

„Задоволство е да се биде тука и да организираме првенство. Сигурн сум дека ова ќе биде одлично првенство. Се согласуваме со претседателот на Словенија. Да ги пуштиме Словенците во Загреб и да одиме сите заедно во Вараждин“, рече во шега претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов неколку часа пред натпреварот против Словенија кој Македонија го доби со 25:24.

Македонија одлилно ја заврши својата прва задача на Европското првенство, а веќе утре од 20:30 часот ќе го има вториот предизвик, а противник е селекцијата на Црна Гора.