Бертус Сервас за Игор Карачиќ: Тој е итар како лисица!

Игор Карачиќ по седум години поминати во Вардар го напушта клубот и се пресели во шампионот на Полска каде што пристигнува како замена за Лука Циндриќ и големо засилување.

Претседателот на Келце го презентираше своето мислење и очекувањата од трансферот на Игор Карачиќ. Сервас во изјавата кратко го спомена и Циндриќ кој заминува од неговиот клуб и направи интересна споредба помеѓу играчите.

„Среќен сум што го донесовме Карачиќ. Тој не е само добар играч, туку и човек со големо срце. Секогаш се бори до крај, знае како да го сплоти тимот и да го води во тешки моменти. Лука Циндриќ кого го менува Карачиќ, исто така е неверојатна личност и играч, но не можат да се споредат. Игор има многу повеќе искуство. Тој е итар како лисица и многу ќе придонесе за нашиот клуб“, изјави Бертус Сервас за официјалниот сајт на Келце.

Циндриќ заминува во Барселона, а Карачиќ ќе го заземе неговото место организатор на играта во полскиот шампион од наредната сезона.