Бенфика и Ристовски со трофеј најавија атак на титула во португалскиот Супер куп

Борко Ристовски и Бенфика најавија одлична сезона во шампионатот на Португалија и во Купот на ЕХФ, откако на турнир во Визеу совладаа тим кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Бенфика беше подобра од Чеховски медведи со 32:28, а го совлада и Шамбери од Франција со 30:27 со што дојде до две значајни победи. Ова воедно значеше дека Бенфика има форма која гарантира добра сезона.

Воедно овие натпревари беа генерална проба за првиот меч во сезоната. На 26 август ќе биде одигран Супер купот на Португалија. Противник на Бенфика ќе биде екипата на Спортинг и тука ќе се види кој тим колку е подготвен на стартот на сезоната.

Бенфика која е предводена од страна на легендата на ракометот во Португалија, Карлос Резенде во своите редови го има Борко Ристовски, кој треба да биде големо засилување за голот за новата сезона.