Белеска на ниво, но недоволно за Јенимахале

Покрај Пелистер натпреварите во Челенџ купот ги напушти и една од интернационалите од Македонија, Андреа Белеска. Таа со тимот на Анкара Јенимахале играше против Рокаса Гран Канарија, но тоа беше дуел на кој едноставно тешко можеше да се очекува позитивен резултат.

Рокаса имаше предност од десет гола од првиот дуел од 33:23, па затоа и на реваншот беше само формалност околу пласманот понатаму. За Јенимахале шансата беше да одигра добар меч и да се обиде да победи, но не успеа и загуби со 22:24.

На овој меч Андреа Белеска беше втор стрелец во тимот од Турција, а успеа да постигне четири гола. Ова беше подобро од првиот меч кога со три гола беше трет стрелец кај тимот од Анкара.