Белеска го облече дресот на Јенимахале од Анкара

Поранешната ракометарка на Металург, Андреа Белеска откако на крајот од минатата сезона го напушти тимот на Данубиус Галаци од Романија својот нов ангажман го најде во Турција каде ќе игра во следната сезона.

Белеска ќе биде единствениот десен бек во редовите Анкара Јенимахале. Таа ќе биде засилување за екипата која следната сезона има зголемени амбиции. Поточно таа е единствениот бек во тимот кој бие со лева рака така што се очекува во новата сезона да добие далеку повеќе минутажа отколку што имаше во Галаци.

Андреа е ракометарка која има играно и за репрезентацијата на Македонија. Таа после Металург се одлучи за Романија каде беше дел и од Рамницу Влчеа. Сега во Анкара ќе има можност за настап и во Челенџ купот. Тимот на Јенимахале во 3. рунда ќе игра со претставникот на Азербејџан, Азериол Баку.

Инаку, за противници ќе има неколку ракометарки од Македонија кои играат во шампионатот на Турција. Таму и претходно играа Душица Георгиевска и Ленче Илкова, па ќе има македонски двобои во новата сезона.

Фото: Инстаграм