Белград ечеше: Радичевиќ и Лекиќ во еден глас пееја „Македонско девојче“ (ВИДЕО)

Некогашните ракометарки на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ, и покрај тоа што по подолго време играат за различен клуб, сепак ја продолжуваат нивната дружба надвор од ракометните терени.

По Мундијалот во Јапонија и настапот за Црна Гора, Радичевиќ ја посети Лекиќ, која паузата ја минува во Белград.

А кога сте во српската метропола неизбежна е посета на кафеана. Лекиќ и Радичевиќ со нивното друштво си ја порачаа „Македонско девојче“ и ги поздравија многубројните фанови во нашата земја. Погледнете…