Без проблем на стартот на СП: Србија ја дуплираше Кина

Српската репрезентација имаше победнички старт на Светското првенство во Германија, откако избраничките на Љубомир Обрадовиќ ја „дуплираа“ Кина и славеа со 43:23. Натпреварот беше решен уште во првиот дел, кога Србинките предводени од поранешната вардарка Сања Дамњановиќ направија добра залиха од 10 голови, 21:11.

300x250

Вториот дел беше чиста формалност, шанса добија сите ракометарки, но на теренот не се промени ништо во поглед на резултатот и Србија го заврши натпреварот со плус 20, 43:23. Најдобри стрелци беа Дамњановиќ со 8, Крпеж даде исто толку, а вардарката Цвијиќ имаше 4 од 4. На останатите средби немаше никакви возбудувања и фаворитите Чешка, Романија и Русија беа убедливи против своите противници.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

ГРУПА А

РОМАНИЈА – ПАРАГВАЈ 29:17

ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 18:00 часот

ШПАНИЈА – АНГОЛА 20:30 часот

ГРУПА Б

ЧЕШКА – АРГЕНТИНА 28:22

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 18:00 часот

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА 20:30 часот

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ТУНИС 36:16

БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА  17:45 часот

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА  20:30 часот

ГРУПА Д

СРБИЈА – КИНА 43:23

ГЕРМАНИЈА – КАМЕРУН 28:15

ХОЛАНДИЈА – Ј. КОРЕЈА 18:00 часот