Без Митков и Ангелов, Кремс претрпе пораз

Интернационалците од Македонија во редовите на Кремс, Влатко Митков и Петар Ангелов не беа во можност да настапат на последниот меч за својот тим, а нивните колеги не успеаја да го надоместат отсуството и загубија на дуелот против Фиверс Ват со 26:32.

300x250

Дека нема да играат Митков и Ангелов стана јасно пред почетокот на средбата, а нема точна информација дали се работи за повреди. Покрај нив на мечот го немаше и Гинтер Валцер, па неиграњето на тројцата ракометари беше причина за вториот пораз во четвртиот меч во плеј-оф лигата.

Сега Кремс е на 3. место со вкупно 15 бодови (се пренесуваат бодови и од регуларниот дел), а има седум помалку во однос на лидерот Алпла Хард и шест помалку од Фиверс, кој е на 2. позиција.